Zeynep Hilal Karyağdı
01 Октомври 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
ТАИЗ (АА) - Во јеменскиот град Таиз, коалициските сили предводени од Саудиска Арабија извршија воздушен напад во кој се убиени 18 Хуси, а 8 се ранети, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена на интернет страницата на војската на Јемен, коалициските сили извршиле напад врз воена вооружена сила поврзана со Хусите која се нашла на патот при нивното напредување кон западниот брег на градот Таиз.
Според информациите од воената болница во градот Ел-Худејде, во болницата се пренесени телата на 18 загинати припадници на Хусите, додавајќи дека има и 8 ранети.
Веќе подолг период Јемен се наоѓа во политичка криза и нестабилност и во многу градови во земјата се случуваат судири меѓу Хусите, поддржани од силите на поранешниот претседател на Јемен, Али Абдулах Салих, и легитимната власт и провладините групи, поддржани од коалициските сили под водство на Саудиска Арабија.