Emre Aytekin
06 Јуни 2018•Ажурирај: 07 Јуни 2018
СИНГАПУР (АА) - Меѓународната организација за цивилна авијација (ICAO) најави дека на неколку дена ќе ги забрани сите летови во делови на воздушниот простор на Сингапур, каде што на 12 јуни ќе се одржи историската средба помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, јавува Anadolu Agency (AA).
Во упатството кое ИКАО го достави до авиокомпаниите, а кое го пренесува „Channel New Asia“ се наведува дека на 11, 12 и 13 јуни ќе бидат забранети сите цивилни летови над американската воена база „Паја Лебар“ која е сместена во источниот дел на Сингапур.
Најавена е и привремена забрана за летови на аеродромот „Чанги“ и подрачјето кое е одредено од сингапурските власти за претстојниот самит.
Во низата препораки, Меѓународната организација за цивилна авијација од авиокомпаниите побара во наредниот период авионите побавно да летаат при слетувањето на аеродромот „Чанги“ и да ги следат ограничувањата што ќе ги затекнат на пистата.
Властите на Сингапур веќе презедоа максимални мерки за безбедност на островот Сантос на кој ќе се одржи очекуваниот самит.
Забрането е користење дронови, а сообраќајот ќе биде органичен.
Сингапур, една од најмалите држави во светот, ќе биде домаќин на една од најважните дипломатски средби во последните неколку децении, на којашто ќе се сретнат Трамп и Ким, лидерите на една од најголемите и на една од најсиромашните земји во светот.