Berk Kutay Gökmen
10 Јули 2026•Ажурирано: 10 Јули 2026
Воли Фанк, највозрасната жена што отпатува во вселената и пионерка во воздухопловството, која доброволно учествуваше во Програмата за жени во вселената на НАСА од 1961 година, почина на 87-годишна возраст, јавува Анадолу.
Според портпаролката на градот Грејпвајн, Мона Кинтанила, Фанк починала во средата вечер во својот дом во Грејпвајн, Тексас.
„Воли беше сакана жителка на Грејпвајн, чии извонредни достигнувања и великодушен дух оставија трајно наследство“, се наведува во објавата на Фејсбук.
„Градот Грејпвајн се гордее со Воли Фанк, чија извонредна кариера инспирираше генерации со кршење на бариерите во авијацијата и истражувањето на вселената. Фанк и понатаму ќе биде светски симбол на решителност, упорност и извонредност.“
Таа, родена ена 1 февруари 1939 година, ѝ го посвети својот живот на авијацијата, градејќи кариера обележана со многубројни револуционерни достигнувања.
На само 16 години таа се запишува на колеџот Стивенс во Колумбија, Мисури, каде што се вклучува во женскиот авијациски клуб на училиштето. Според Музејот на летови „Лоунстар“ во Хјустон, таа добила пилотска лиценца следната година.
И покрај тоа што била одбиена од авиокомпаниите дури и откако добила сертификат за пилот за авиотранспорт, Фанк била решена да успее.
Таа е прва жена што работела како инспектор за летање за Федералната администрација за воздухопловство, а подоцна и прва жена истражител за Националниот одбор за безбедност на сообраќајот.
Таа е најстара жена што патувала во вселената на 82-годишна возраст на летот со Џеф Безос во јули 2021 година.