Dmitri Chirciu
26 Февруари 2022•Ажурирај: 27 Февруари 2022
КИЕВ
Украинскиот Генералштаб соопшти дека се уништени 14 авиони, 8 хеликоптери, 102 тенка и 536 оклопни возила што им припаѓаат на руските сили, известува Агенција Анадолија (АА).
„Неутрализиравме повеќе од 3.500 руски војници“, рече заменик-шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Михајил Подолјак.
Од Генералштабот наведуваат дека Русија почнала да распоредува дополнителни воени единици во регионите на границата со Украина и додаваат дека се зголемени загубите на руската Војска.
„Проценетите загуби на руските трупи се 14 авиони, 8 хеликоптери, 102 тенка, 536 оклопни возила“, истакнуваат од Генералштабот на здружените сили на украинската Армија.
Подолјак рече дека продолжуваат судирите во градовите Херсон, Николајев, Одеса и Мариупол.
Истакнувајќи дека Вооружените сили на Украина и полицијата ја држат под контрола ситуацијата во земјата, Подолјак нагласи дека „под контрола е ситуацијата и во Киев и во Киевскиот Регион“.