Emre Aytekin
08 Февруари 2020•Ажурирај: 09 Февруари 2020
АНКАРА
Во тајландската покраина Канџанабури, сместена во западниот дел од земјата, во подрачјето Муанг, војник со своето оружје уби најмалку 12 лица, а голем број се ранети. Војникот ги застрелал командантот и неколкумина војници во касарната и цивили надвор од касарната, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста објавена во весникот „Бангкок пост“ (Bangkok Post), војникот Џакрапант Тома, кој го служел воениот рок во касарната „Суратампитак“, откако во касарната ги застрелал командантот и двајца војници, со воен џип избегал од касарната.
Војникот во бегство, надвор од касарната отворил оган врз цивилите, а подоцна, влегувајќи во еден трговски центар покрај автопатот, зел неколку луѓе како заложници.
Војникот кој се наоѓа во трговскит центар, во живо ги споделил своите активности на Фејсбук, а под една своја фотографија со оружје напишал „Уморен сум“, по што линкот во живо бил блокиран.
Генерал Танја Криатисарн, командант на Втората регионална армија, информира дека екипите на полицијата и војската спроведуваат операција за фаќање на убиецот.