Fatma Zehra Solmaz
04 Мај 2026•Ажурирај: 04 Мај 2026
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека нејзините сили ќе ги поддржат „трговските бродови кои сакаат слободно да транзитираат“ низ Ормускиот Теснец, во рамките на „Проектот Слобода“ на претседателот Доналд Трамп, пренесува Анадолу.
„Силите на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) од 4 мај (денес) ќе започнат со реализација на 'Проектот Слобода; со цел враќање на слободната пловидба за комерцијалните бродови низ Ормускиот Теснец”, се вели во објавата на американската платформа за социјални медиуми Х.
Од ЦЕНТКОМ велат дека во поддршката на трговските бродови што транзитираат низ теснецот ќе бидат вклучени разорувачи со наведувани ракети, над 100 воздухоплови стационирани на копно и море, автономни повеќедоменски платформи и 15.000 припадници на вооружените сили.
„Нашата поддршка за оваа одбранбена мисија е клучна за регионалната безбедност, како и за глобалната економија бидејќи истовремено ја одржуваме и поморската блокада”, вели командантот на ЦЕНТКОМ, адмирал Бред Купер.
Американскиот медиумски портал„Аксиос” објави дека во новата иницијатива можеби нема да биде вклучено директно придружување на комерцијалните бродови од страна на пловилата на морнарицата на САД, повикувајќи се на изјави од двајца американски официјални претставници.
Официјален претставник изјави дека бродовите на морнарицата на САД ќе бидат „во непосредна близина” доколку биде потребно, со цел да се спречи иранската војска да нишани кон комерцијалните бродови што транзитираат низ теснецот.
Официјалните претставници велат дека морнарицата планира да им ги обезбеди на комерцијалните бродови најбезбедните поморски маршрути, оние што не се минирани од иранската војска.
Соединетите Американски Држави ќе започнат со безбедно придружување на неутралните странски пловила до нивно излегување од Ормускиот Теснец, почнувајќи од денес наутро по средноисточно време, опишувајќи го овој труд како „хуманитарен гест” кон земјите кон земјите погодени од конфликт во кој тие не земаат учество, објави вчера Трамп на својата платформа за социјални медиуми Truth Social.
Тој ја нарече иницијативата „Проект Слобода”, истакнувајќи дека голем дел од заглавените бродови се соочуваат со недостиг на храна и други основни продукти потребни за одржување на здравствената состојба на многубројниот екипаж.
Потегот доаѓа во време кога турбуленциите околу Ормускиот Теснец продолжуваат да се одразуваат врз глобалните пазари, при што енергентите, вештачките ѓубрива и клучните индустриски суровини бележат остро зголемување на цените во текот на изминатите два месеца.