Vesna Besic
13 Декември 2023•Ажурирај: 13 Декември 2023
ГАЗА (АА) - Болницата Ал-Шифа во северниот дел на Појасот Газа е претворена во урнатини по израелските напади, пренесува Анадолу.
Објавени се видеоснимки од последната ситуација во болницата Шифа, која беше бомбардирана од Израел и каде беше извршена рацијата.
Иако се вели дека болницата и нејзината околина останале во урнатини по нападот и рацијата, напорите да се евакуираат повредените кои останале во зградата продолжуваат.
Израелската Армија на 15 ноември ја нападна болницата Шифа, најголемата здравствена установа во регионот, каде што илјадници пациенти и раселени Палестинци се засолниле во Газа, и се повлече откако уништи некои делови од болницата.
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по нападите на Хамас врз израелските погранични градови на 7 октомври.
Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа оттогаш е 18.412, додека 50.100 луѓе се повредени.