Mesut Zeyrek
05 Октомври 2022•Ажурирај: 06 Октомври 2022
КЕЛН (АА) - На ѕидот на џамијата при Турско-исламската унија за верски прашања ДИТИБ во градот Офенбах кој се наоѓа во германската сојузна покраина Есен, напишани се антимуслимански натписи и навреди, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според полициското соопштение, започната е истрага за наоѓање на сторителите на овој антимуслимански напад извршен во утринските часови во саботата.
На ѕидовите биле напишани навреди кон исламот и кон Божјиот пратеник Мухамед.
Полицијата побара очевидците, доколку поседуваат информации, да ги споделат.
Инаку, во Германија минатата година биле извршени 662 кривични дела против муслиманите и џамиите.