Cüneyt Karadağ
24 Август 2021•Ажурирај: 25 Август 2021
БЕРЛИН
Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, истакна дека преговараат со Турција и Соединетите Американски Држави за да може аеродромот во Кабул да ги продолжи цивилните воздухопловни активности и операциите за воена евакуација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во својата изјава дадена во Берлин, Мас се осврна на важноста аеродромот во Кабул да ги продолжи своите активности по 31 август, датумот кога американските војници ќе се повлечат од Авганистан.
„Ние разговараме со САД, Турција и други земји за продолжување на активностите на аеродромот во Кабул. Ова прашање по повлекувањето на американските сили исто така бара и разговори со талибанците“, рече министерот Мас.
Истакнувајќи дека разговарал и со министрите за надворешни работи на Пакистан, Индија, Таџикистан и Узбекистан, Мас додаде: „Ќе обезбедиме визи за локалниот персонал што може да премине во овие земји побрзо и полесно. Ќе воспоставиме услови за право на престој за сите локални вработени и други загрозени лица кои се наоѓаат на нашите списоци.“
Мас исто така додаде дека ќе го зголемат капацитетот на одделите за визи во Исламабад, Њу Делхи и Ташкент.