Erbil Başay
30 Јуни 2021•Ажурирај: 30 Јуни 2021
БЕРЛИН
Министерката за одбрана на Германија, Анегрет Крамп-Каренбауер, соопшти дека и последниот контингент на германската војска се повлекол од Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Крамп-Каранбауер во средата на Твитер објави дека последните германски војници синоќа безбедно го напуштиле Авганистан.
„Нашата најинтензивна странска мисија е завршена по 20 години“, напиша министерката.
Крамп-Каранбауер додаде дека е благодарна на секого од 150.000-те германски војници кои служеле во мисијата во Авганистан од 2011 години, нагласувајќи дека ги завршиле сите задачи кои им ги дал Бундестагот и дека затоа сите можат да бидат горди.
„Последните германски војници од Авганистан се враќаат преку Тбилиси“, соопшти германската војска.
Германските војници во Авганистан од 2001 година биле дел од Меѓународните сили за поддршка на безбедноста (ISAF) и дополнителната Мисија на одлучна поддршка. За време на мисијата загинаа 59 германски војници.