Ayhan Şimşek
15 Октомври 2026•Ажурирано: 15 Октомври 2026
Германски суд осуди двајца мажи за соработка со Иран и планирање напади врз личности што го поддржуваат Израел во Германија, јавува Анадолу.
Вишиот покраински суд во Хамбург го осуди данскиот државјанин со авганистанско потекло на осум и пол години затвор, а авганистанскиот државјанин на четири и пол години. Судот ги прифати барањата на сојузните обвинители, а адвокатите на одбраната бараа ослободителни пресуди.
Судот утврди дека е докажано оти мажите, кои живееле во Данска, ги набљудувале личностите што го поддржуваат Израел со цел да подготват атентат и работеле на план за подметнување пожар во продавница за кошер храна во Берлин.
Според германските власти, главноосомничениот добивал наредби директно од припадници на силите „Кудс“, единица за операции во странство на Иранската револуционерна гарда.
Двајцата осомничени беа приведени во Данска минатата година по дојави од данското разузнавање, а подоцна беа пренесени во Германија.
Мажот на 54-годишна возраст беше приведен во Архус летото 2025 година, а 43-годишниот беше приведен во ноември.