Selçuk Acar
02 Јуни 2017•Ажурирај: 03 Јуни 2017
ЊУЈОРК (АА) - Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, организираше ифтар во својата резиденција Gracie Mansion (Палата Грејси) во Њујорк, на кој присуствуваа околу 250 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова е четврти ифтар што градоначалникот Бласио го организира во својата резиденција, а на присутните најпрво им се обрати неговата сопруга Чирлејн Меккреј. Својот говор таа го започна со: „Селам алејкум“ (поздрав на арапски јазик), порачувајќи им на присутните да се чувствуваат како дома.
Таа изрази задоволство од организирањето на ифтарот, и истакна дека ова е настан кој може да испрати многу важна порака до светот.
Градоначалникот Бласио изјави дека Њујорк е американски град со најголем број муслимански жители.
„Mигрантите го прават Њујорк многу побезбеден и посилен. Во нашиот град во полицијата се вработени 900 муслимани. Над 100.000 муслимански деца учат во нашите училишта“, рече градоначалникот Бласио.