Zehra Ulucak
28 Јуни 2019•Ажурирај: 30 Јуни 2019
ОСАКА
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, повика на сочувување на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и намалување на актуелните тензии во Заливот, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот човек на ОН, Гутереш, на маргините на Самитот на лидерите на земјите од Г-20 во јапонскиот град Осака рече дека е важно да се сочува договорот за иранското нуклеарно прашање.
Станува збор за договор кој Иран пред 4 години го постигна со 5 постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија, а од кој САД унилатерално се повлече.
Гутереш повика и на смирување на тензиите во Заливот и предупреди на далекусежни последици од евентуално ескалирање на судирите.
Генералниот секретар Гутереш ги повика лидерите на 20-те најразвиени земји од светот да работат на јакнење на економската стабилност и финансиска сигурност на глобално ниво. Тој ја препорача стратегијата за рамномерен економски раст во светот.
„Иако дојде до напредок во решавањето на некои крупни проблеми во светот, сето тоа не се одвива со саканата брзина. Постојат добри планови и визии, но потребно е конкретно дејствие“, порача Гутереш.