Alma Çekovic
11 Февруари 2016•Ажурирај: 15 Февруари 2016
КОПЕНХАГЕН (АА) - На паровите кои во Данска ќе побараат азил нема да им биде дозволено да живеат заедно доколку едниот од сопружниците е помлад од 18 години, најави данската министерка за миграции Ингер Стојберг, пренесува Anadolu Agency (AA).
По тврдењата дека во бегалските камопви во Данска живеат мажени девојчиња од 14 години, Стојберг вчера најави дека малолетниците кои живеат во Данска наскоро ќе бидат одвоени од постарите брачни партнери.
„Апсолутно е неприфатливо, во данскиот систем за азил, малолетници да живеат со своите постари сопружници и партнери поради тоа јас побарав од данските служби за имиграција тоа веднаш да запре”, рече Стојберг.
„Треба да обезбедиме девојчињата да не бидат принудени да живеат со постари во центрите за азил”, додаде таа.
Минатиот месец, министерството за интеграции доби извештај за данскиот систем за азил во кој е откриено дека во прифатните центри 27 малолетници живеат со постари сопружници и партнери.
Според споменатиот извештај, во прифатните центри за баратели на азил постојат два случаи каде што 14-годишни девојчиња живеат со постари мажи. Една од нив е во брак со 28-годишен маж, додека другата е бремена и живее со 24-годишен сопруг.