Haydar Şahin
29 Јуни 2024•Ажурирај: 30 Јуни 2024
ТЕХЕРАН (АА) - Две лица загинаа во вооружен напад врз возило што превезувало гласачки кутии од претседателските избори во градот Раск во провинцијата Систан и Балуџистан во југоисточниот дел на Иран, пренесува Анадолу.
По завршувањето на гласањето бил извршен вооружен напад врз возилото што ги превезувало гласачките кутии, објави новинската агенција Тесним.
Во нападот загинале двајца службеници од избирачкото место, а неколкумина се повредени.
На претседателските избори што се одржаа на 28 јуни во Иран, гласањето беше продолжено до 24 часот.
Преброените гласови потоа биле префрлени во градските избирачки одбори.