Elena Teslova
09 Март 2024•Ажурирај: 10 Март 2024
МОСКВА (АА) - Две лица загинаа во украински напад со дрон на руската област Белгород денес, соопшти Министерството за одбрана на Русија, пренесува Анадолу.
Украина вчера изведе напад со дрон на руската област Белгород, во кој животот го загубија двајца цивили. Веста ја потврди и гувернерот на регионот, Вјачеслав Гладков, соопшти руското министерство за одбрана.
Министерството додаде и дека руските сили собориле 47 украински дронови во четири руски региони, при што Ростов бил примарна украинска цел.
Преостанатите украински напади со дронови се пресретнати во Белгород, Курск и Волгоград, се вели во соопштението на Министерството.
Украинските власти засега не ги потврдија овие тврдења.
Русија својата „специјална воена операција“ во Украина ја започна на 24 февруари 2022 година.