Esat Fırat
17 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Две палестински деца на возраст од 15 години биле изложени на сериозно насилство од страна на израелските војници за време на нивното испрашување во притвор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Делегацијата на палестински затвореници при Палестинската ослободителна организација.
Во соопштението се вели дека Мухамед Дирије (15) и Амар Севабите (15) кои биле приведени на окупираниот Западен Брег од страна на израелските војници, биле изложени на насилство за време на испрашувањето.
Дирије, инаку жител на Бејт Фуџар во Витлеем, пред неговото приведување во синоќешните часови во близина на градот Хеброн бил претепан од страна на израелските војници и однесен во Центар за испрашување во еврејското населено место Кирјат Ерба.
Се истакнува дека Дирије потоа цела ноќ бил задржан во Центарот за испрашување во еврејското населено Гуш Етзион, а потоа детето било пренесени во затворот „Мегидо“ кој се наоѓа во близина на Наблус, и дека сè уште се наоѓа таму.
Меѓу другото, во соопштението се нагласува дека Севабите бил приведен на 17 мај при рацијата во неговата куќа во местото Бејт Фуџар, и дека младиот Палестинец пред приведувањето бил малтретиран пред очите на неговото семејство.
Севабите со врзани раце три часа бил испрашуван во Центарот за испрашување во еврејското населено место Гуш Етзион, а по испрашувањето бил изложен на насилство.
Според соопштението, Севабите сè уште се држи во затворот „Мегидо“.
Според Делегацијата на палестински затвореници, во затворот се наоѓаат 50 палестински деца.
Од друга страна, во израелските затвори се наоѓаат 4.700 палестински затвореници, од кои 160 деца, 41 жена и 365 административни затвореници.