Mehmet Nuri Uçar
11 Јануари 2021•Ажурирај: 12 Јануари 2021
АДЕН (АА) - Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICRC) соопшти дека две третини од Јеменците немаат пристап до чиста вода и до здравствени услуги, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICRC) на профилот на Твитер напишаа: „Две третини од Јеменците немаат пристап до чиста вода и до основни здравствени услуги.“
Во објавата се нагласува дека во време кога опасноста од Ковид-19 продолжува, осигурувањето чиста вода за јеменскиот народ станало поважно од кога било.
Во Јемен, поради судирите што продолжуваат, канализационите и водоводните мрежи се сериозно оштетени. Населението има големи тешкотии за да стигне до чиста вода.
- Граѓанската војна и хуманитарната криза во Јемен -
Јемен е место на длабока политичка и безбедносна криза, која кон крајот на 2014 година ескалираше во Граѓанска војна, кога бунтовниците предводени од шиитското движење на Хусите и од Конгресот предводен од претседателот Салех го зазедоа најголемиот јеменски град Сана, а потоа и другите региони.
Во Јемен илјадници луѓе ги загубија своите животи во конфликтите што траат околу 5 години. Во оваа земја, која е една од најсиромашните земји во светот, хуманитарната криза поради Граѓанската војна достигна страшни димензии.
Според Обединетите нации, повеќе од 22 милиони луѓе имаат потреба од помош и заштита во Јемен, каде што се одвива една од најголемите хуманитарни кризи во светот.