Hasan Esen
04 Април 2017•Ажурирај: 05 Април 2017
БРИСЕЛ (AA) - Специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Стефан де Мистура изјави дека хемискиот напад во Идлиб изведен од воздух, укажувајќи дека зад сето тоа стои режимот на Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пресрет на утрешната хуманитарна конференција за Сирија во Брисел, де Мистура се состана со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Де Мистура по состанокот на конференцијата за медиумите истакна дека ќе биде одржана седница на Советот за безбедност на ОН на која ќе се расправа за тоа кој го извел нападот.
„Утре на собирот ќе бидат 70 земји. Точно е дека кога и да се состанува меѓународната заедница, некои произведуваат голем страв и се обидуваат да згаснат секоја надеж. Но ние нема да се откажеме. Напротив, ние ќе им покажеме дека не можат да ја уништат нашата посветеност", рече Мистура.
На новинарско прашање, истакна дека во овој момент нема потврда за тоа кој го извел нападот.
„Но, ќе сфатиме дека се работи за хемиски напад изведен од воздух. Ќе спроведеме техничка симулација за да се утврди што точно се случило. Она што знаеме е дека се работи за ужас за жртвите. Освен тоа, фотографиите кои ги видовме многу говорат", рече де Мистура.
Могерини истакна дека е многу загрижена, поради како што рече, страшниот напад, нагласувајќи дека хемискиот напад претставува најтежок облик на воено злосторство.
„Кој и да е одговорен, мора да одговара за ова", рече Могерини.
Истакна дека во овој момент не постои доказ кој стои зад нападот", рече Могерини.
„Меѓутоа, секој режим има неспорна одговорност да го заштити својот сопствен народ", рече Могерини.
Во утринскиот напад во кој Асадовите режимски сили користеа хемиско оружје убиени се повеќе од 100, а ранети повеќе од 500 цивили, меѓу кои се и голем број деца. Следуваа и воздужни напади во кои мета беа и локалните болници и центарот на Цивилна заштита, кои се обидуваат да им помогнат на страданите. Се стравува дека билансот на смртно страданите би можел да биде значително поголем, а ранетите кои се животно загрозени префрлени се на лекување во Турција.