Muhammed Emin Canik
28 Ноември 2024•Ажурирај: 29 Ноември 2024
ГАЗА (АА) - Десет Палестинци, меѓу кои и едно дете, се убиени во израелските напади врз различни делови на Појасот Газа, јавува Анадолу.
Според палестинската новинска агенција ВАФА, детето било убиено во израелското бомбардирање на куќа во населбата Зејтун во градот Газа.
Едно лице е убиено во континуираните напади на израелската армија врз бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа.
Четворица Палестинци се убиени кога израелски воени авиони бомбардирале две куќи на семејствата Закут и Сахвил во северниот град Беит Лахија.
Четворица Палестинци се убиени, а многумина се повредени во напад на израелската армија врз раселените Палестинци во регионот Абасан, кој се наоѓа источно од градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа.
Израелската армија разнесе населби и згради во градот Џабалија на северниот дел на Газа и во населбата Ал-Џенин во градот Рафа на југот на Газа.