12 Јануари 2024•Ажурирај: 14 Јануари 2024
КАН ЈУНИС (АА) - Десетици Палестинци загинаа и се повредени во денешниот израелски воздушен напад врз куќа во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.
Палестинските цивили, главно деца, кои се повредени во израелскиот напад, беа донесени во болницата „Насер“ во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.
Од почетокот на израелските напади врз Газа загинати се најмалку 23.469 Палестинци.
Од Министерството за здравство во Газа вчера соопштија дека ранети се 59.604 Палестинци и дека сите овие бројки се однесуваат исклучиво на телата и ранетите евидентирани во болниците. Оттаму наведоа дека 70 отсто од убиените се деца и жени.
Израелските напади предизвикаа катастрофална хуманитарна криза во Појасот Газа и го доведоа здравствениот систем на работ на понорот. Недоволната храна, чиста вода, хигиенски средства и лекови носат и ризик од ширење на заразни болести во центрите каде стотици илјади раселени луѓе се борат за гол опстанок.