Michael Hernandez
12 Декември 2018•Ажурирај: 12 Декември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Директорката на Американската разузнавачка агенција (ЦИА), Џина Хаспел, денес ќе ги информира пратениците за наодите на ЦИА во истрагата во врска со убиството на колумнистот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги, пренесува Anadolu Agency (AA).
Хаспел по втор пат ги информира лидерите во Претставничкиот дом, откако минатата недела ги извести нивните колеги од Сенатот.
Ова се случува као последица на тоа што американскиот претседател, Доналд Трамп, и неговите високи официјални претставници продолжуваат да негираат каква било вмешаност на саудискиот принц Мухамед бин Селман во убиството на Кашоги.
Кашоги, саудиски новинар и колумнист на американскиот весник „Вашингтон пост“ (The Washington Post), исчезна по влегувањето во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври.
Откако на почетокот истакнаа дека Кашоги го напуштил Конзулатот жив, саудиските власти неколку недели подоцна признаа дека тој бил убиен во Конзулатот, обвинувајќи за неговата смрт група саудиски оперативци.
Но ова објаснување ги остави пратениците од двете страни во пратеничкиот дом непоколебливи, и тие инсистираат на тоа дека операцијата не би можела да биде спроведена без согласност од принцот бин Селман.
Откако Хаспел ги информираше високите сенатори минатата недела, неколку од нив го критикуваа Трамп и неговата администрација, во однос на непридавање значење на поврзаноста помеѓу убиството и саудискиот де факто лидер.
„Непобитниот доказ всушност претставува непобитната пила“, изјави сенаторот Линдзи Грем, водечки критичар на Бин Селман, осврнувајќи се на инструментот кој саудиските агенти наводно го користеле за да го распарчат телото на Кашоги во дипломатската зграда.
„Мораш да бидеш намерно слеп да не дојдеш до заклучок дека ова е планирано и организирано од луѓе под команда на саудискиот принц и дека тој е вмешан во смртта на Кашоги“, додаде Грем.
Сенатот се подготвува да преземе три законски мерки како одговор на убиството на Кашоги. Комората денес најверојатно ќе гласа за резолуцијата за запирање на поддршката на САД за тековната војна на Саудиска Арабија во Јемен.
Друга мерка што се планира да се преземе оваа недела е формална критика на Бин Селман воведена од претседателот на Министерството за надворешни работи, Боб Коркер.
Комитетот, исто така, размислува дали да ја прекине продажбата на оружје во Саудиска Арабија и да ги санкционира највисоките функционери, вклучувајќи го и Бин Селман.
Сè уште не се знае дали третата мерка ќе биде преземена до крајот на оваа година.