ИСТАНБУЛ (АА)
Синоќа во Истанбул премиерно беше прикажан документарниот филм „Свето искупување“ на ТРТ, кој зборува за насилството и злосторствата што нелелните еврејски доселеници ги извршија врз Палестинците на Западниот Брег, известува Анадолу.
Генералниот директор на ТРТ, Мехмет Захид Собаџи, како и бројни новинари и активисти присуствуваа на проекцијата на документарниот филм, кој екипите на TRT World го снимија на палестински територии окупирани од Израел.
Обраќајќи им се на гледачите пред проекцијата, Собаџи рече дека, како ТРТ, покажале силна солидарност со отпорот на палестинскиот народ, кој со децении е подложен на секакви угнетувања од страна на Израел.
Тој исто така истакна дека палестинската земја под муслиманска власт со векови била позната како земја на мирот.
„Потоа се појави ционистичкото движење и Декларацијата на Балфур објавена зад затворени врати, во сенка на Првата светска војна. Времето почна да тече кон една од најдолгите и најкрвавите окупации во историјата. Палестинците беа тестирани со најболното искуство. Накба, таа голема катастрофа во која речиси милион Палестинци мораа да ги напуштат своите домови“, рече Собаџи.
Тој нагласи дека Израел, со поддршка на оние кои стојат зад него, од ден на ден ја продлабочува окупацијата.
„Секој вид суровост што може да се замисли стана секојдневие на израелската окупација во годините што следеа. Оваа убиствена структура, ненаситна од крв и солзи, не се двоумеше да го ескалира угнетувањето што им го нанесе на Палестинците до степен на геноцид“, истакна Собаџи.
Потсетувајќи дека во израелските напади што почнаа на 7 октомври загинаа повеќе од 40.000 Палестинци во Појасот Газа, вклучително и речиси 17.000 деца и 11.000 жени, Собаџи рече дека геноцидот во Газа го доведе целиот свет до пресвртница.
Генералниот директор на ТРТ истакна дека Туркије ја презела одговорноста во време кога светот безгласно го набљудува израелското варварство. Собаџи додаде дека Туркије испраќа хуманитарна помош за Палестина и помага во лекувањето на ранетите и болните во Палестина.
„Од друга страна, нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган продолжува да ги користи дипломатските канали за што поскоро да го запре крвопролевањето во Газа. Тој гласно повикува на правда на сите платформи, се бори за ставање крај на угнетувањето и воспоставување мир, а со својот став го штити достоинството на човештвото“, рече Собаџи.
Нагласувајќи дека ТРТ се обидува на светот да му го пренесе плачот на жителите на Газа и ги документира димензиите на израелската окупација на Палестина, Собаџи им оддаде почит и им се заблагодари на сите новинари кои ги ризикуваат своите животи за на јавноста да и ја покажат вистината за она што се случува во Газа.
Собаџи, исто така, рече дека верува оти документарниот филм „Свето искупување“ ќе одекне низ целиот свет и ќе овозможи да се преиспитаат димензиите на окупацијата.
„Овој филм ќе му открие на светот можеби еден од најнезабележителните, но најподмолните методи на израелската окупација на палестинската територија. Овој метод е нелегално создавање на еврејски населби кои служат како пунктови на окупираното земјиште. Овие населби, изградени на земјиште одземено од Палестинците, се разбира, се создадени со намера да го спречат формирањето на суверена палестинска држава. Нелегалните еврејски доселеници постојано се шетаат со оружје, напаѓајќи ги Палестинците кои работат на полињата. Како ТРТ, со сите наши ресурси ќе продолжиме да стоиме покрај нашите браќа и ќе направиме сѐ што е потребно за да се слушне гласот на палестинскиот отпор“, порача Собаџи.
По проекцијата им беа доделени награди на поединците кои придонесоа во продукцијата на документарниот филм.
Документарниот филм „Свето искупување“ е приказна за злосторствата извршени од еврејските доселеници врз Палестинците на окупираниот Западен Брег, кои Обединетите нации и меѓународната заедница ги сметаат за незаконски. Трогателната приказна ја претставуваат сведоци и актери.
Снимањето започна откако тимот на TRT World се инфилтрираше во радикални израелски групи на Западниот Брег, и тоа два месеци по почетокот на бруталните израелски напади врз Газа.
Документарецот вклучува и снимки од полициски станици во кои е обучувана радикалната група наречена „Младите од ридот“ (Hilltop Youth), која дури и израелските медиуми понекогаш ја опишуваат како „израелски ДЕАШ“.
Со интервјуа на израелски активисти, поранешни израелски војници, водачи на радикални доселеници и членови на израелскиот парламент, овој документарец ги разоткрива стратегиите на Израел за раселување на Палестинците и систематско крадење на земјиштето, откривајќи како се воспоставени нелегалните населби и се уривани палестинските домови.
Во филмот, меѓу другите, зборува и лидерот на нелегалните доселеници Даниела Вајс, поранешниот член на израелскиот парламент и „Младите од ридот“ Зви Сукот, поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт, активистката и адвокатка Михаела Сфард, лидерот на движењето „Мир сега“ Хагет Офран и поранешен израелски војник, снајперистот Надав Вејмен.
news_share_descriptionsubscription_contact
