Murat Temizer
16 Август 2023•Ажурирај: 17 Август 2023
ВАРШАВА (АА) - Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека Белорусија извршила хибриден напад на границите на Полска, јавува Анадолу.
„Не се сомневаме дека тоа е направено во соработка со Русија“, изјави Дуда за новинарите во Варшава, по состанокот со летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс.
Дуда рече дека на средбата се разговарало за безбедносни, економски, енергетски и инфраструктурни прашања.
Тој додаде дека најважна тема на средбата била војната меѓу Русија и Украина и заканата од хибриден напад од Белорусија на полската граница.
„Имаме проблем, а тоа е хибриден напад на полските граници од Белорусија“, рече тој.
Полскиот претседател посочи дека на средбата се разговарало и за поддршката и соработката со Украина, резултатите од последниот Самит на НАТО, како и билатералната воена соработка.