Zehra Ulucak
22 Мај 2017•Ажурирај: 23 Мај 2017
ДАВАО (АА) - Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте, вети дека ќе соработува со Кина и со другите соседни земји во чистењето на Северна Кореја од нуклеарното оружје, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Јонхап“ јавува дека Дутерте во градот Давао организирал прием за специјалниот пратеник на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, за Сојузот на земјите од југоисточна Азија (АСЕАН) и за градоначалникот на Сеул, Парк Вон-сун.
Од канцеларијата на Парк, соопштено е дека Парк на Дутерте му испратил писмо напишано лично од Мун и дека укажал на одлучноста за јакнење на односите меѓу двете земји.
Парк од земјите на АСЕАН и од Филипините бараше поддршка за планот на администрацијата на Мун за разоружување на Северна Кореја и за обезбедување мир на Корејскиот Полуостров.
Дутерте за време на состанокот вети дека ќе го увери Пјонгјанг да се откаже од нуклеарното оружје и да ги прекине балистичките провокации.
Парк го повика Дутерте да ја посети Јужна Кореја.