АНКАРА (АА) - БУРАК БИР -
Причината за пандемијата на Ковид-19, односот помеѓу човекот и животната средина, не треба да се игнорира, бидејќи вирусот е зоонотски, како САРС, МЕРС и ебола, велат експертите, пишува Агенција Анадолија (АА).
Откога првпат се појави во Кина минатиот декември, вирусот Ковид-19 предизвика огромни промени во животот низ целиот свет, како и во политичките, социјалните, културните настани и економските системи.
Покрај тоа, конфликтот во соодносот животна средина - човек не е соодветно оценет од страна на државите и покрај тоа што Ковид-19 уште еднаш ја покажува важноста на зачувување на дивиот свет, бидејќи се смета дека вирусот најпрво се раширил од пазарот за диви животни.
Во соопштението на Програмата на ОН за животна средина од 8 мај се вели дека епидемијата е резултат на уништување на природата, и дека е време да се преиспита односот меѓу луѓето, природата и дивиот свет.
Скот Вис, експерт за појава на заразни болести при канадскиот Универзитет Гелф, рече дека појава и ширење може да се случи со активности како што е ловот, но, тој истакна дека пазарите на диви животни го олеснуваат пренесувањето на вирусите од дивиот свет на луѓето.
„Пазарите на диви животни во голема мера го зголемуваат ризикот со тоа што многу диви животни се во близина на луѓето. Бидејќи секоја интеракција животно-човек претставува одреден мал степен на ризик, ако го засилите тоа во голема мера со голем број интеракции, ризикот соодветно се зголемува“, изјави Вис за Агенција Анадолија (АА).
Тој рече дека секоја активност која го зголемува контактот со диви животни, како што се пазарите на диви животни, го зголемува ризикот од пренесување на зоонотски болести меѓу врстите. „Дивиот свет е важен резервоар на зоонотски болести, како што знаеме од многуте проблеми што се појавија како САРС, Ковид, МЕРС, ебола“, рече тој.
Вис нагласи дека ширењето на вирусот на крајот ќе биде ставено под контрола, односно, или ќе биде елиминиран или пренесен на ендемично заболување на пониско ниво, но истакна дека тој секогаш е загрижен за нешто што се шири ефективно и има висока стапка на смртност.
Експанзијата на населението кон природата создава „можности патогените да се префрлаат меѓу дивиот свет и луѓето“, рече тој и нагласи дека факторите на животната средина исто така играат улога во појавата на зоонотските заболувања. „Климатските промени што предизвикуваат промени во опсегот животни, инсекти или луѓе, исто така влијаат на појавата на овие контакти“.
Ако можеме да ги идентификуваме заканите и да реагираме, ќе имаме шанса за контрола, и тие болести нема да бидат голем проблем, рече тој.
„Надзорот е клучен аспект ... подобрата координација и комуникација е клучна“, порача Вис.
- Луѓето не се свесни за поврзаноста на дивиот свет со болестите -
„Многу луѓе не се свесни за врската помеѓу изложеноста на дивиот свет и болестите. Затоа, луѓето генерално се шокирани кога ќе слушнат дека тие две нешта се меѓусебно поврзани“, вели извршната директорка и основач на Алијансата за дивиот свет, Суана Гаунтлет.
Меѓународната непрофитна група за зачувување на дивиот свет ја започна кампањата „Стоп за консумирањето на дивиот свет“ насочена кон Камбоџанците кои јадат диви животни како што се панголините, но кампањата се претворила во меѓународна со цел подигање на свеста за заштита на дивиот свет за запирање на идни проблеми како што е Ковид-19.
Гаунтлет рече дека има две причини зошто луѓето не се заинтересирани за фокусирање на врската помеѓу консумирањето диви животни и нивното здравје.
Повеќето „не се свесни за тоа поради незнаење“ и „не се подготвени да прифатат дека може да има врска помеѓу изложеноста на дивиот свет и болестите“, дури иако се информирани за ова прашање, вели таа.
Луѓето во Европа и САД не ја знаат точно димензијата на нелегалната трговија со диви животни, а исто така се дезинформирани за користењто делови од дивите животни во кинеската традиционална медицина
„Кога живеев во Сан Франциско пред 20 години, пред да работам во Камбоџа, многу мои колеги практикуваа кинеска традиционална медицина, но тие сметаа дека лековите се на растителна база. Кога пристигнав во Камбоџа, бев сведок на хоророт врз кој е базирана најголем дел од традиционалната медицина, од жолчка на мечка до коски од тигар, до морски коњчиња и лушпи од панголини“, раскажува Гаунтлет за Агенција Анадолија.
Фармите на тигри во Кина, Виетнам и Лаос, како и фармите на лавови и носорози во Јужна Африка, се снабдувачи на фабриките за традиционална медицина, рече таа и истакна дека комерцијалната трговија со диви животни целосно го поттикнува пренесувањето на зоонотските болести меѓу врстите, поради што повеќепати во светот се појавија и еболата, САРС-от и ХИВ.
„Ако сакаме да го намалиме бројот на диви животни кои стигнуваат на пазарите, кои се плодно земјиште каде зоонотските болести можат да направат скок од дивите животни врз луѓето, земјите треба да имаат Единици за спроведување на законот за диви животни со целосно работно време“, рече таа.
Половина од дивиот свет на планетата, 40 отсто од тропските шуми и 50 отсто од резервите на питка вода се изгубени. Гантлет порача дека треба да им се дадат подобри работни места на сиромашните и подобро образование за да се спречи ловокрадството и криумчарењето на животни.
news_share_descriptionsubscription_contact
