Burç Eruygur
19 Октомври 2022•Ажурирај: 20 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Државните медиуми на Украина објавија дека експлозии се чуле во главниот град на земјата, Киев и во повеќе региони во земјата, вклучувајќи ги Виница и Харков, по огласувањето на тревогите за воздушни напади од утринава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Украинската национална новинска агенција „Укринформ“ на својот профил на Телеграм објави дека во Киев се слушнале неколку експлозии.
„Жители на регионот на Киев! Тревогата за воздушни напади продолжува! Не ја игнорирајте и останете во засолниште! На сила е противвоздушната одбрана во регионот“, напиша гувернерот на Киев, Олексиј Кулеба на Телеграм.
Челникот на областа Виница, Серхиј Борзов, преку Телеграм соопшти дека неговиот регион е под ракетен оган, апелирајќи до жителите да останат во засолништата.