Sayed Khodaberdi Sadat
21 Април 2018•Ажурирај: 21 Април 2018
КАБУЛ (АА) - Пет цивили ги загубија животите од експлозија на бомба поставена покрај патот во подрачјето на Хасаки Мајн кое се наоѓа во авганистанската покраина, Нангахар, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпарол на гувернерството на Нангахар, во изјава за АА истакна дека бомбата поставена покрај патот во близина на центарот на подрачјето Хасаки Мајн, била активирана во моментот кога по патот минувало возило со цивили.
Портпаролот рече дека во експлозијата загинале пет цивили, додека 14 се повредени, меѓу кои има и деца.
Тој додаде дека некои од повредените се во тешка состојба.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.