Muhammet Kurşun
22 Јануари 2021•Ажурирај: 23 Јануари 2021
ТЕХЕРАН (АА) - Настана експлозија во петрохемиската фабрика во градот Боџнурд кој се наоѓа во иранската источна покраина Северен Хорасан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на иранската државна телевизија, настана експлозија во петрохемиската фабрика во Боџнурд.
Се истакнува дека експлозијата настанала поради технички дефект.
Како резултат на експлозијата се скршиле прозорците на зградите кои се наоѓаат на 500 метри оддалеченост.
Според соопштеното, нема жртви или повредени од експлозијата.