Gülbahar Sayım
13 Ноември 2017•Ажурирај: 14 Ноември 2017
КИНШАСА (АА) - Епидемијата на колера што ја зафати Демократска Република Конго досега одзеде 871 живот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писмениот допис што го објави Министерството за здравство се вели: „Од јануари годинава, во земјата се забележани 44.000 сомнителни случаи на колера, од кои досега починаа 871 лице“.
Во дописот се вели дека постои загриженост поради можното зголемување на бројот на починатите, бидејќи во 1996 година, во градот Гома, околу 60.000 лица починале од оваа болест. За да не се повтори големата катастрофа, во писменото соопштение се наведува дека е потребно под итно да се формираат контролни точки за борба против епидемијата.
Во соопштението се вели дека во централните делови на земјата, во областа Касаи, епидемијата забрзано се шири, и се додава дека се забележани 600 нови случаи на заболени од колера.
Обединетите нации на својата програма на радистаницата „Окапи“, минатата недела објавија дека од колера починале 771 лице, и дека се забележани околу 40.000 сомнителни случаи на колера.
Според организацијата „Доктори без граници“, еден од основните фактори за појавата на епидемијата од колера во подрачјето е недоволната хигиена и недостатокот на извори со чиста вода за пиење.