Ердоган за Самитот: Во иднината на Сирија нема, ниту ќе има место за Асад
- Еден од најважните резултати на Самитот во Анталија е тоа што земјите на Г20, кои претставуваат поголем дел од светската економија и популација, покажаа цврст заеднички став во борбата против тероризмот, рече Ердоган
???????
16 Ноември 2015•Ажурирај: 17 Ноември 2015
AнталијаАНТАЛИЈА (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, тврди дека еден од најважните резултати на Самитот Г20 во Анталија е тоа што земјите учеснички покажале цврст заеднички став и одлучност во борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган во својство на домаќин на самитот Г20 во Анталија одржа конференција за новинарите.
„Еден од најважните резултати на Самитот во Анталија е тоа што земјите Г20, кои претставуваат најголем дел од светската економија и популација, покажаа цврст заеднички став за борбата против тероризмот“, рече Ердоган и додаде дека Г20 „не е клуб на богатите туку група на земји со поголем степен на развој“.
Истакнувајќи дека сите религии го пропагираат за возвишено правото на човекот на живот, Ердоган рече дека е погрешно да се поврзува тероризмот со некоја религија бидејќи во тој случај би претставувало големо непочитување и навреда на таа вера.
Осврнувајќи се на ситуацијата на, со војна зафатената, Сирија, Ердоган рече дека основна задача е да се заврши војната, да се зачува територијалната целосност на земјата, да се исчисти од тероризмот и да се реформира во легитимен политички систем на база на плурална демократија.
„Во иднината на Сирија нема, ниту ќе има место за Асад, кој убива свој народ. Асад ја изгуби таа можност одамна. Без сеопфатно решение за сириската криза, не е возможно ниту решавање на проблемот со тероризмот и бегалците кои потекнуваат од тој регион.
Меѓународната заедница тоа мора да го сфати и да започне ефикасна и конкретна соработка, поделба на одговорноста и да покаже искрена солидарност“, порача Ердоган.
Нагласувајќи дека поврзувањето на прашањето на тероризмот со бегалците го смета за избегнување на хуманитарната одговорност, Ердоган рече дека мора да се пронајдат решенија за тие одвоени проблеми.
„Не треба да се мешаат прашањата за бегалците со проблемот на тероризмот. Тоа прашање е прашање на хуманитарна криза во која мораме на сон да ја ставиме искреноста и солидарноста“, порача Ердоган.
Ердоган соопшти дека на самитот во Анталија се разговараше за економската ситуација и дека застојот во инвестициите во изминатите неколку години е издвоен како еден од поголемите проблеми.
„Задоволен сум што видов целосна согласност на учесниците на Самитот за неопходноста од интензивирање на инвестициите како еден од предусловите за остварување на целите на економскиот раст. Земјите Г20 во тој контекст подготвија опсежна стратегија за инвестирање. Тие стратегии предвидуваат подобрување на условите за инвеститорите, поттикнување на вложувања во инфраструктурата и развој на малото и средно претприемништво. Проценките се дека со реализација на стратегиите до 2018 година, инвестициите на глобално ниво би требало да забележат пораст за 4,4 трилиони долари“, рече Ердоган.
Како уште една важна тема на Самитот во Анталија, Ердоган го издвои прашањето за влијанието на зголемување на каматите во САД врз глобалната економија. Додаде дека е нагласено во тој контекст дека мора да се води сметка за евентуалните негативни влијанија на тоа прашање врз земјите во развој.
„Како лидери на своите земји нагласивме дека мора да се поддржат макроекономските политики и структурални реформи. Тука пособно укажавме на важноста од продолжување на економските проекти од страна на централните банки на развиените земји“, рече Ердоган.
Прашањето на климатските промени е, како што рече Ердоган, било уште една тема за која се воделе бројни разговори во Анталија, и најави дека на повик од францускиот колега Франсоа Оланд ќе учествува на конференција за оваа важна тема, која ќе се одржи кон крајот на месецот во Париз.