Emre Gürkan Abay
05 Октомври 2020•Ажурирај: 05 Октомври 2020
БАКУ
Војската на Ерменија ги бомбардирала градовите Бејлаган, Барда и Тертер во Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Азербејџан.
Во соопштението се нагласува дека ерменската Војска извршила артилериски гаѓања врз градовите Бејлаган, Барда и Тертер во Азербејџан.
Ерменската Војска продолжува со нападите врз цивилните населени места во Азербејџан, а синоќа изврши напади и врз местата Генџе, Мингечевир, Хизи и Абшерон.
- Ерменија повторно го нападна вториот по големина град на Азербејџан, Ганџа
Ерменската Aрмија продолжува да ги бомбардира населените места во Азербејџан. Во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан се наведува дека ерменската Армија го нападнала градот Хорадиз во областа Фузули, селата во регионот Агџабеди, селата во регионот Тертер и регионите Горанбој и Гојгол.
Покрај тоа, Ерменија од регионот Берд повторно го нападна вториот по големина град на Азербејџан, Ганџа.