Elvir Hociç
13 Март 2017•Ажурирај: 14 Март 2017
АДИС АБЕБА (АА) - Најмалку 50 лица загинаа во лизгање на земјиштето на депонија, на периферијата од Адис Абеба, главниот град на Етиопија, јавува Anadolu Agency (AA).
Спасувачките екипи утринава извлекоа уште 15 тела, со што бројот на жртвите во синоќешното лизгање на земјишето на депонијата се искачи на 50 жртви.
Стотици луѓе се собраа во близина на местото на несреќата чекајќи вести за десетиците лица кои од синоќа се водат за исчезнати.
Полицијата се обидува да го блокира пристапот до депонијата, која локалното население ја нарекува Koше.
Ова е депонија каде што локалните жители секојдневно собираат отпадни суровини за да преживеат.