Recep Canik
23 Јуни 2018•Ажурирај: 24 Јуни 2018
АДИС АБЕБА (AA) - Во главниот град на Етиопија, Адис Абеба, се случи експлозија за време на митинг на кој беше присутен и премиерот на оваа земја, Абиј Ахмед, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед, учествуваше на еден митинг кој се одржа на плоштадот „Мескел“ во Адис Абеба, на кој беа присутни илјадници лица. За време на митингот се случи експлозија, по што премиерот го напушти местото на настанот со неговите телохранители.
„Неколку лица загинаа во експлозијата предизвикана од страна на лицата кои не сакаат мир и единство во оваа земја. Овој настан е еден неуспешен обид од страна на силите кои не го сакаат единството во Етиопија“, изјави Абиј Ахмед по настанатата експлозија.
Некои очевидци велат дека едно лице фрлило рачна бомба. Официјален претставник изјави дека продолжува истрагата околу овој случај.