Gökhan Kavak
10 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Етиопската Армија во воената операција за соборување на локалната власт во регионот Тиграј, го зазеде стратешки важниот аеродром „Хумера“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите во локалните медиуми, аеродромот контролиран од Народниот ослободителен фронт Тиграј (TPLF) е како база против силите на федералната Влада.
Аеродромската операција беше организирана заедно со полициските, разузнавачките и силите на милицијата.
Во операцијата ослободени се и регионите Маидали, Данша, Бакер и Лигуди, а исто така постигната е контрола и на патот Хумера и Судан.
Првата фаза од воената операција што ја започна федералната Влада во провинцијата Тиграј заврши во петокот.
Премиерот Абиј Ахмед објави дека одлучиле да преземат воена акција против Народниот ослободителен фронт Тиграј (TPLF), кој „ги нападна и им објави војна“ на единиците на националната Армија.
Веднаш по објавата на премиерот, Етиопскиот совет на министри прогласи 6-месечна вонредна состојба во провинцијата Тиграј.
Се стравува дека одлуката на Ахмед ќе доведе до долготраен конфликт, па дури и до граѓанска војна во Тиграј, каде што милициите се вооружени со години.