????? ????????
13 Ноември 2015•Ажурирај: 14 Ноември 2015
САРАЕВО (АА) – Земјите членки на Европската унија (ЕУ) и нивните африкански партнери потпишаа денес на самитот во Валета заедничка изјава со која се обврзуваат дека заедно ќе управуваат со мигрантските текови, јавува Anadolu Agency(AA).
Претставниците на ЕУ и африканските земји во средата и четвртокот во главниот град на Малта разговараа за проблемите на полето на миграциите.
Самитот за мигранти во Валета, на кој учествуваа претставници на околу 60 европски и африкански земји, завршен е денес со усвојување на декларација и акционен план, кој предвидува неколку мерки за успорување на приливот на бегалци и мигранти од Африка и Европа.
„Длабоко сме загрижени поради големиот пораст на приливот на бегалци, баратели на азил и нелегалните мигранти, што доведува до страдање, злоупотреба и експлоатација, посебно на децата и жените, како и за неприфатливите несреќи по пустините или на море. Таков пораст на приливот на мигранти ги става поедините земји под силен притисок со сериозни хуманитарни последици“, се наведува во заедничката изјава.
Во декларацијата, исто така, се наведува дека прв приоритет во тој контекст е спасување на животите на луѓето и спроведување на сè што е потребно за спасување и заштита на мигрантите. Претставници на ЕУ и африканските земји се сложија дека треба одлучно да се одговори и заеднички да се управува со приливот на мигранти од сите аспекти, врз темел на принципите на солидарност и заедничка одговорност.
Претставниците на Европската унија денес воспоставија и фонд за Африка кој би требало да допринесе за стабилизација на состојбата и отстранување на причините за миграциите на тој континент. Фондот ќе има на располагање 1,8 милијарди евра од буџетот на ЕУ а уште толку би требало да пристигнат од земјите членки.
Меѓутоа, претставниците на африканските земји сметаат дека ЕУ инсистира на враќањето на нелегалните мигранти назад во нивните матични земји.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изрази денес незадоволство од брзината со која се одвива постапката на релокација на бегалците од Грција и Италија кон другите земи на ЕУ.
„Ако продолжиме со ова темпо, планот за преселување на 160.000 бегалци ќе го исполниме во 2101 година“, рече Јункер.
Германската канцеларка Ангела Меркел по самитот изјави дека ќе биде одржан самит помеѓу ЕУ и Турција во врска со бегалската криза и да се направат напори за да се најдат најдобри решенија.