Ata Ufuk Şeker
08 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европската комисија соопшти дека до крајот на 2020 година ќе се формираат суперкомпјутерски центри во осум различни земји членки на ЕУ, со цел поддржување на истражувањата, индустриите и бизнисите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението, до крајот на 2020 година ќе се формираат суперкомпјутерски центри во бугарскиот главен град, Софија; чешкиот град Острава; финскиот град Кајани, италијанскиот град Болоња; португалскиот град Мињо; словенечкиот град Марибор; шпанскиот град Барселона, и градот Бисен, кој се наоѓа во Луксембург.
Во суперкомпјутерските центри за кои ќе се обезбедат финансиски средства од вкупно 840 милиони евра преку фондовите на ЕУ, ќе се вршат работи во насока на лекови, дизајн, биоинженерство, временска прогноза и климатски промени.
Во моментот, земјите членки на ЕУ не поседуваат најразвиени супербрзи компјутери во светот, додека Кина и САД се пионери во оваа област.
Суперкомпјутерот се користи особено во научни истражувања, тестирања и сложени пресметки.