Mohammad Murad Ahmad Abed,Hacer Başer
10 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
МАНАМА (АА) - Министерот за одбрана на САД, Ештон Картер, изјави дека неговата земја во Сирија ќе прати дополнителни 200 војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Картер присуствуваше во Манама, главниот град на Бахрејн, каде присуствуваа на 12. Манамски дијалошки состанок.
„САД во сирискиот град Рака ќе прати уште 200 војнции, кој ќе ги обучува локалните сили за борба пртив терористичката организација ДЕАШ” , порача Картер.
Тој исто така изјави дека во Сирија веќе престојуваат 300 американски војници, и дека меѓу 200 војници, кои САД ќе ги прати, се наоѓаат инструктори и стручњаци за деминирање и уништување на експлозивните направи.
САД кон крајот на 2015 година во Сирија прати екипа од 20 специјалци, а во април оваа година, по наредба на претседателот Барак Обама, пратени се уште 250 војници.