Sayed Khodaiberdi Sadat
28 Мај 2020•Ажурирај: 29 Мај 2020
КАБУЛ
По воведениот обостран прекин на огнот во Авганистан по повод Рамазан бајрам, талибанските милитанти изведоа напад во кој животот го загубија 7 војници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на гувернерството Парван, Вахиде Шахкар, одржа прес-конферениција на која соопшти дека во селото Антен во местото Сијахгирд, талибанските милитанти нападнале воена станица.
Шахкар информира дека во овој прв напад по воведениот прекин на огнот, животот го загубиле 7 војници, еден е ранет, а двајца се земени како заложници од страна на талибанците.
Шанхкар рече дека во оружената пресметка загуби претрпела и талибанската страна.