Murat Temizer
27 Јануари 2023•Ажурирај: 30 Јануари 2023
ВАРШАВА (АА) - По четврти пат до аеродромот, училиштата, гимназиите и до Обвинителството во Вилнус, главниот град на Литванија, испратени се писма со закана од бомбашки напади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„По четврти пат оваа недела, до некои места во Вилнус се испратени заканувачки писма“, објави Балтичката новинска агенција (БНС).
Во веста се наведува дека до аеродромот во Вилнус, пет училишта во главниот град, спортска сала во центарот на градот и до канцеларијата на Обвинителството биле испратени заканувачки писма за бомбашки напади.
Јулија Самороковскаја, портпаролката на полицијата, изјави дека полицијата ги проверила сите релевантни места и не наишла на ништо сомнително.
Полицијата соопшти дека е отворена истрага во врска со случајот.