Emre Gürkan Abay
16 Септември 2021•Ажурирај: 17 Септември 2021
МОСКВА (АА) - Рускиот вицепремиер Јуриј Борисов соопшти дека започнала првата испорака на новоразвиениот систем за противвоздушна одбрана С-500 на Руската армија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Борисов во изјава за медиумите во градот Тјумењ, се осврна на системот за противвоздушна одбрана С-500, наречен „Прометеј“, развиен од државната одбранбена компанија „Алмаз-Антеј“.
Наведувајќи дека се завршени потребните тестирања на системот, Борисов рече: „Започна првата испорака на С-500 на Руската армија.“
Тестирањата на С-500, кој ќе го замени системот за противвоздушна одбрана С-400, се реализираат од 2017 година.