Muhammet Kurşun
09 Ноември 2018•Ажурирај: 10 Ноември 2018
ТЕХЕРАН (AA) - Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, коментирајќи ги изјавите на американскиот колега Мајк Помпео за Јемен и Иран, изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) се одговорни за злосторства против човештвото кон две земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Зариф упати порака преку социјалните мрежи, и порача дека „Помпео го обвинува Иран поради незаконските американски санкции со кои на Иранците им се блокираат одредени финансиски услуги за пристап до лекови и храна. Меѓутоа, САД се одговорни за злосторства против човештвото над Иран и Јемен.“
„Знаете што, министре Помпео? Бидејќи, требаше да допуштат едноставно да ги уништат вашите месарски клиенти (Саудиска Арабија), кои трошат милијарди на бомбардирање училишни автобуси и ’милиони да ги намалат тие ризици‘. Имате ли воопшто срам?“, порача Зариф.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео претходно изјави дека Саудиска Арабија издвои милони долари за хуманитарна помош на Јемен. Специјалниот претставник на САД за Иран, Брајан Хук, изјави дека американските санкции кон Иран не се насочени кон иранскиот народ, туку кон режимот на оваа земја, па поради тоа тие санкции се воведени на секторите за лекови, здравство и храна.
САД на 5 ноември ги обновија санкциите кон Иран кои претходно беа укинати со постигнувањето на Договорот за иранската нуклеарна програма.