Hajer M'tırı
25 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
ПАРИЗ (АА) - Научниците и јавните експерти за здравство од nad 43 држави се собраа денес во Париз со цел да истражат начини за борба против вирусот Зика, јавува Anadolu Agency (AA).
Дводневната конференција, организирана од страна на Европскиот центар за превеција и контрола на болести, ќе ги испитува податоците поврзани со епидемијата која на почетокот на годинава ја зафати Латинска Америка.
Од Центарот велат дека околу 600 експерти ќе се состанат за да ја разгледаат ситуацијата со вирусот Зика во Америка и да ги разгледаат безбедносните и контролните мерки.
Се очекува да дискутираат за поврзаноста на Зика со микроцефалија, нарушување кое предизвикува тешки оштетувања на мозокот кај бебињата и се поврзува со невролошки проблеми кај возрасните, при што може да доведе до смрт. Експертите, исто така, ќе ги испитаат начините за дијагностицирање и вакцинирање.
Во своето обраќање на самитот, Мари Паул Киени, заменичката генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО), изјави дека „можноста од локално пренесување, комбинирана со веројатноста за понатамошно пренесување по сексуален пат, може да доведе до зголемување на бројот на луѓе заболени од Зика и слични комплликации" во Европа.
Како и да е, претседателот на Институтот „Пастор”, Кристијан Брехот, изјави дека ризикот и не е толку „драматичен". Тој за францускиот сервис 'BFMTV' изјави дека „климатските услови, локалните и хигиенски услови при кои вирусот се шири во Латинска Америка, не се застапени во јужниот дел на Европа".
Според СЗО, епидемијата на Зика, од јануари 2007 година била забележана во 55 земји и територии. Пораст на случаите доведе до прогласување на вонредна состојба во јавното здравство во февруари.
СЗО процени дека 1,5 милиони лица се заразиле само во Бразил.
Според Институтот „Пастор”, во Франција, 176 случаеви биле потврдени кај лица кои се вратиле од држави каде што болеста била застапена.
Малку се знае за вирусот Зика, кој првпат беше откриeн во 1947 година во Уганда. Иако е пропратен со симптоми на осип по кожата, треска и болки во зглобовите, сè уште остануваат прашања во врска со неговата поврзаност со други болести, должината на времето колку може да се задржи во човечкиот организам и ризикот од пренесување по сексуален пат.
Сè уште нема третман или вакцина за болеста а научниците се загрижени дека вирусот ќе се прошири за време на сезонското парење на комарци во летниот период.