Büşra Nur Çakmak,Aysu Biçer
23 Мај 2022•Ажурирај: 24 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги покани компаниите да дојдат во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во своето обраќање на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски порача: „Секоја компанија што ќе ја напушти Русија е добредојдена да се пресели на пазарот во Украина, компаниите ќе имаат корист од вистинската поддршка на слободата.“
Украинскиот претседател повика на максимални санкции за руската нафта, банките и ИТ-секторот и да не се тргува со Русија.
„Ние му нудиме на светот шанса да постави пример за тоа што ќе се случи ако се обидете да уништите сосед. Ве поканувам да учествувате во оваа обнова“, порача Зеленски.
Тој истакна дека Украина се бори подолго од очекуваното, што немало да биде случај доколку светот воведе строги санкции изминатата есен.
Зеленски додаде дека ако постоело единство уште во 2014 година, кога Русија го анектираше Крим, Русија немаше да ја започне „февруарската инвазија“, мислејќи на почетокот на руско-украинската војна на 24 февруари.