Davit Kachkachishvili
14 Декември 2022•Ажурирај: 15 Декември 2022
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, соопшти дека 13 беспилотни летала на руските сили утрово се уништени во воздух, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски, во видеопораката што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Телеграм, информирајќи дека Руската армија во раните утрински часови извршила напад на Украина со 13 беспилотни летала, соопшти:
„Терористите утринава кон Украина упатија 13 [беспилотни летала од иранско производство] „Шахид“. Сите 13 летала беа погодени од украинскиот систем за противвоздушна одбрана.“