Ekipa
29 Јули 2022•Ажурирај: 29 Јули 2022
КИЕВ (АА) – Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, истакна дека Руската армија извршила ракетни напади врз главниот град Киев и врз градовите Кропивницки, Миколаев и Донбас, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседатеот Зеленски на својот профил на социјалните мрежи објави информации за нападите што Руската армија ги изврши во неговата земја во текот на вчерашниот ден.
Зеленски соопшти дека само во првата половина од денот во Киев биле дадени четири предупредувања за воздушни напади и додаде: „Руската армија изврши ракетни напади врз Киев и Кропивницки, го погоди Миколаев и продолжи со серијата стратешки бесмислени и брутални напади врз Донбас.“
Опишувајќи ги руските напади како „терор“, Зеленски изрази благодарност кон американскиот Сенат за изгласаната одлука со која Русија е означена како држава спонзор на тероризмот.
„Денес во Украина, или во кој било ден по 24 февруари, можете да видите дека никој друг во светот не инвестирал повеќе во тероризмот од Русија. За ова навистина е потребен правен одговор на глобално ниво. Нема причина една таква реакција да не се случи во САД.“