Ali Murat Alhas
28 Јуни 2022•Ажурирај: 29 Јуни 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес ја осуди Русија за нејзините „пресметани“ воздушни напади врз трговски центар во градот Кременчук, велејќи дека тоа претставува „терористички чин“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени вчера во нападот што Русија го изврши врз трговски центар во Кременчук.
„Руската држава стана најголемата терористичка организација во светот. И ова е факт. И тоа мора да биде правен факт“, рече Зеленски и додаде:
„Секој во светот мора да знае дека купувањето или транспортот на руска нафта, одржувањето контакти со руските банки, плаќањето даноци и царини на руската држава значи давање пари на терористите.
Повеќе од 4.634 цивили се убиени во Украина од почетокот на војната на 24 февруари, според Обединетите нации. Според податоците на ОН, повеќе од 14 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови, вклучително и повеќе од осум милиони кои побегнале во други држави.