Zehra Ulucak
03 Април 2019•Ажурирај: 04 Април 2019
АНКАРА (АА) - Јужниот дел на Тајван го потресе земјотрес со интензитет од 5,4 степени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот геолошки завод (УСГС) соопшти дека епицентарот на земјотресот се случил 34 километри северозападно од Таитунг, на длабочина од 10 километри.
Кинескиот центар за земјотресни мрежи информираше дека земјотресот кој се случил во 09:52 часот по локално време бил со интензитет од 5,7 степени.
Засега нема информации за човечки жртви и материјална штета предизвикана од земјотресот.