Şeyma Uzundere
09 Ноември 2022•Ажурирај: 10 Ноември 2022
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Најмалку 6 лица ги загубија животите во земјотрес со јачина од 5,6 степени што го потресе северозападниот дел на Непал, известува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот институт за геологија (USGS) извести дека земјотрес со интензитет од 5,6 степени ја потресе областа Доти, северозападен Непал.
Хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 16 километри.
Портпаролот на непалската полиција, Тед Прасад Раи, за Агенција Анадолија (AA) изјави дека најмалку 6 лица ги загубиле животите во земјотресот и изрази загриженост од можноста за зголемувањето на бројот на загинати.
Наведувајќи дека има и повредени во земјотресот кој предизвика оштетувања во местото Доти, провинцијата Судурпашчим на северозапад од земјата, претставниците на власта информираа дека во тек се спасувачки операции во регионот.
Силниот земјотрес ги вознемирил и граѓаните на главниот град Њу Делхи, а е почувствуван и во некои делови на соседна Индија.
Непалскиот премиер Шер Бахадур Деуба во објавата на својот профил на социјалната мрежа Твитер наведе дека се мобилизирани релевантните организации за да им се овозможи на повредените што е можно побргу да пристапат до потребната медицинска помош.