AP
19 Февруари 2018•Ажурирај: 19 Февруари 2018
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтер го погоди јужниот дел на мексиканската држава Оахака, само неколку дена по силниот земјотрес забележан во истата област, соопшти Американскиот геолошки завод, јавува Anadolu Agency (AA).
Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 30 километри североисточно од Санта Катарина Мечоакан, на длабочина од 40 километри.
Минатиот петок јужните и централните делови на Мексико беа погодени од земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала, а 13 лица загинаа во падот на воен хеликоптер во кој се наоѓаа службеници што работеле на проценка на штетата од земјотресот.
Епицентарот на земјотресот кој се случи утринава се наоѓа недалеку од минатонеделниот земјотрес.
Во септември минатата година, Мексико го потресе земјотрес со интензитет од 7,1 степени, во кој животите ги загубија 369 луѓе.